Виртуозот на пијано, маестро Симон Трпчески заедно со тимот на „Македонисимо квинтет“ одржаа концерт во Цирих, Швајцарија, во „Тонхале“.
Mузичкиот проект „Македонисимо“ бeше пречекан со стоечки овации и аплауз.
„Фантастична атмосфера во престижниот „Тонхале“ во Цирих. Ние сме подготвени за Скопје. Македонијо, доаѓаме“, напиша Трпчески.
В среда, на 14 септември, пред платото на Националната опера и балет Симон Трпчески ќе ја започне македонската премиера на „Македонисимо“. Како што стои во самата најава, доколку сакате да го проследите концертот седејќи, понесете си столче. Концертот започнува во 20 часот.