(Видео) Симона Поповска промовира нова песна

By

Поп-пејачката Симона Поповска, по кратката пауза, се враќа на музичката сцена со новата песна со наслов „Сама“.

Баладата е дело на Иле Спасев, кој ги изработи музиката и аранжманот, а текстот е на Даниела Хаџи-Тоневска. Симона најавува и видеоспот за новата балада. Таа рече дека веднаш по снимањето на спотот, ќе сними уште една песна, овој пат со побрз ритам.

Ќе ви се допадне