(Видео) Симона Поповска ѝ се врати на музиката со новогодишна песна

Поп-пејачката Симона Поповска сними празнична песна, „За Нова година“. Ова е прва песна на Симона на македонски јазик по подолго време.

Музиката на песната е на продуцентот и диџеј, Ерик Фокс, а текстот го напиша Рената Кралевска. Гостин е саксофонистот Љупчо Џедомирски.

„Се надевам дека ќе уживате во овој празничен дух и расположение во најубавиот дел од годината. Посакувам сите заедно да ги сплотиме нашите желби за подобро утре, година без пандемија, нека биде нов почеток за нова година“, вели Симона.

Scroll to Top