(Видео) Симона Поповска заведува во црвено

Поп-пејачката Симона Поповска вчера го промовираше спотот за нејзината најнова песна „Сама“. Спотот, во кој Симона е сама, облечена во долг црвен фустан, е снимен на неколку локации во Македонија. Режисер е Андреј Ѓорѓиевски. Автори на песната се Иле Спасев и Даниел Хаџи-Тоневска.

„Со задоволство ви ги претставувам мојата најнова песна и спот“, напиша Симона покрај видеото што го промовираше на „Фејсбук“.

Пејачката, која се омажи лани, постојано има настапи низ земјава. Таа лани летото ја промовираше песната „Ти си моја победа“, а потоа го преработи и хитот на Марија Шерифовиќ „Паметна и луда“.

Фото: Фејсбук

Scroll to Top