(Видео) Синот на Војо Стојаноски порача „Никогаш Северна“

Синот на пејачот Војо Стојаноски, Дамјан, вчера ја промовираше својата нова песна „Никогаш Северна“. Тој ги напиша музиката и текстот, а аранжманот е на Златко Миладиновски. Песната за еден ден има повеќе од 13. 000 прегледи на Јутјуб и коментари дека Дамјан е вистински патриот и наследник на неговиот татко. Некои дури и му порачаа дека починатиот татко ќе се гордее со него.

Дамјан пее одамна, настапува на фолк-фестивали, а неколкупати беше и на турнеја во Америка и Австралија.

Scroll to Top