Македонското електронско дуо „Сирилик“ има нова песна, „Доволни“, во соработка со пејачката Валери Димовска. Автор на песната е Дина Јашари која ги напиша текстот и музиката заедно со „Сирилик“. Песната е снимена во студиото на Иван Јованов.
„Тимот што победува, не се менува“, велат момците од дуото.
Тие за песната снимија и видео, чиј режисер е Христијан Конески, Македонец што живее во Сиднеј, Австралија, каде што е и снимано видеото.