(Видео) Скопјанецот Јасмин Алиевски го освои жирито на „Гранд“: имаш потег како Елвис Присли

Најновата сезона на популарното шоу „Ѕвездите на Гранд“,  има потенцијален кандидат за во финалето, од Македонија, а многумина веруваат дека тој ќе биде и еден од најсериозните учесници за првото место. Скопјанецот Јасмин Алиевски, кого во шоуто учествуваше од пред неколку години, сега со својот настап го воодушеви жирито.

Неговиот последен настап беше емитуван во саботното издание на музичкото шоу и тој ги освои сите гласови од жирито и се пласира во следниот круг.

Јасмин настапи со две песни, првата беше песната на легендарниот Мишо Ковач – „Ако ме оставиш“, а втората беше нумерата „Кад се душе сретну“ на Фатмир Сулејмани.

„Првата песна ја отпеја  многу убаво, втората исто така. Интонативно можеше и подобро, но постои нешто во тебе“ – беше коментарот на Босанац.

„Ѓорѓе и тоа како работел со својот канидадат. Мене многу ми се допадна и заслужено одиш во следен круг“ – искоментира Вики Миљковиќ.

„Беше феноменален. Има една работа која ме воодушевува, а тоа е што создаде еден свој мал бренд. Имаш потег кој сум го видел кај Елвис Присли“ – го испофали Мили.

Пофални зборови имаа и останатите членови на жирикомисијата и сите се согласија во едно, а тоа дека Јасмин и тоа како ги заслужи сите гласови.

Scroll to Top