Необичен начин за славење на Денот на љубовта и виното. Снегот и пандемијата не ја спречија Филхармонијата да го одржи најавениот концерт „24 илјади бакнежи“ на 13 февруари и да подари репертоар од љубовни евергрини.
Тенорот Благоја Нацоски, со интернационална кариера, кој дојде специјално за концертот од Италија, и вокалистката Светланата Јовановска, ѝ го разнежнија срцето на публиката, а хорот, балерината и диригентката Дијана Имери-Илкоска беа одлично надополнување на атмосферата. На сцената на Филхармонијата можеа да се чујат „Еден бакнеж“ на Нина Спирова, „Историја на една љубов“, „Убава Марија“, „24.000 бачи“ и многу други љубовни песни.
View this post on Instagram
Временските услови и лизгавиот терен не дозволија гламурозни стајлинзи, но важни беа аплаузите кои докажаа дека оркестарот, солистите, хорот, балерината и диригентката Имери- Илкоска завршија одлична работа.
Од Филхармонија споделија дел од атмосферата од концертот, во објавата „Магична вечер со многу љубов“, а на нивниот Јутуб канал го објавија и целиот концерт „24 илјади бакнежи“.
И солистите Светлана Јовановска и Благој Нацоски објавија фотографии од концертот.
„Колку убава вечер за мене. Колку оваа чудна година ми покажа и докажа дека не сум своја без музика.
Ви благодарам на сите што го проследивте концертот и ми дадовте момент на радост за кој секој уметник живее и постои. Секој миг за мене вчера беше чиста љубов.
Дијана Имери-Илкоска, ти благодарам за безрезервната поддршка, неисцрпната енергија и мотивација. Ти си моја ѕвезда водилка, привилегија е да се работи под твое водство.
Благодарност Бејков за беспрекорната соработка, трпение и неминовен успех во наоѓањето на вистинската формула да звучам како што чувствувам.
И, секако, Тина, ти благодарам што ми ја препозна душата“, напиша Светлана.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram