(Видео) Со еротски спот македонското трио БДМ ја освојува Америка

By

Македонската алтернативна денс-група БДМ со ремикс на својата последна песна Stay и видеоспот снимен во Детроит се пробива на европскиот и американскиот пазар. Песната што Бранко Вељановски, Дуле Вељановски и Мартин Делимитов ја промовираа пред Нова година сега е со поинаков звук, направен во соработка со холандскиот продуцент и диџеј Neemese.

Провокативното видео со еротски сцени го режира Виктор Стоимиров, а во него се појавува моделот Габриел Ларион.

„Нашата музика од почетокот ја издаваме преку ‘Парагон рекордс лејбл’, кој соработува со светски музички компании и платформи. Оттаму идејата да ги промовираме нашите песни надвор и од Македонија, особено што сите соработки што ги направивме досега, и со Јова, и со Валери, и со Алекс Ви и Калин, се песни на англиски јазик. Видеото се снимаше на неколку локации во Детроит, САД, и нескромно може да кажеме дека изгледа светски“, велат момците од БДМ.

По ова, тие најавуваат уште еден сингл по што ќе го промовираат и нивниот прв албум, State of Mind, кој е во завршна фаза.

Ќе ви се допадне

GoGoAnime weathering with you gogoanime: That Time I Got Reincarnated as a Slime Season 2 Episode 12

4Anime anime online: Watch SK8 the Infinity Episode 1