Поранешниот победник на „Ѕвездите на Гранд“, Ален Хасановиќ, ја побара за жена Аида Цако, со која е во врска долго време. Тој ѝ подготви романтично изненадување покрај базен во познат скопски локал со огномет, а Аида до местото каде што ја чекаше пејачот дојде со превез на очите.
„Рече да. Те сакам Аида“, напиша пејачот на видеото што го објави на Фејсбук и доби честитки од пријателите и фановите.
Ален, кој по потекло е од Прилеп, се прослави со учеството во „Ѕвездите на Гранд“, а откако победи со продукцијата сними неколку песни. Еден период се повлече од јавноста, но сега пак ѝ се врати на музиката.