(Видео) Со песна за спас на планетата Земја децата од „Дајте музика“ ќе настапат на Јуниор Евросонг

By

Децата од „Дајте музика“ на годинашниот Јуниор Евросонг ќе настапат со песна за спас на планетата земја, „Грин форсес“. Песната ќе биде промовирана на 12 ноември (петок). Кристина, Анастасија, Миха и Филип веќе снимија спот, а на Фејсбук објавија дел од атмосферата на снимањето.

dobivaj vesti na viber

„Ние сме Грин форсес и преземаме контрола. Се сеќавам на едно прекрасно место, бистри води, широки зелени полиња и чисто сино небо. Но, што се случува со мојот дом сега? 7.9 милијарди луѓе очајно имаат потреба од ‘Грин форсес’ кои ќе ја спасат планетата Земја. Тие доаѓаат наскоро“, стои во најавата за песната.

МРТ оваа година реши да го искористи правото на интерна селекција и избор на претставник на музичката манифестација. „Дајте музика“ е еден од најпопуларните и најгледани телевизиски програми за деца кај нас. Главни протагонисти се група талентирани актери и пејачи кои за кусо време станаа идоли на новата генерација. Тие испеаја повеќе од 80 песни, на кои веќе три години работат дел од најпознатите македонски композитори, а издадени се два албума и има милионски прегледи на музичките платформи на нивните детски хитови.

Годинашното 19. издание на Јуниорската Евровизија ќе се одржи на 19. декември во Париз, откако лани победи Валентина од Франција. Настанот ќе го пренесува Македонската радио телевизија.

Ќе ви се допадне