(Видео) Со пиштоли во казино Антонија и „2 бона“ станаа популарни во Русија

Антонија Гиговска и „2 бона“ снимија заедничка песна „Хиена“. Видеото за неколку дена собори рекорди и има повеќе од 330.000 прегледи. Убави коментари стигнаа и од фановите од соседните земји и од Русија.

„Здраво од Русија. Продолжете да творите, браќа Балканци“, „Многу добра спојка сте тројцата, предобар спот, предобра песна“,  „Пола песна не ја разбирам, но ова е совршено. Каква енергија во песна, каков вајб, поздрав од Хрватска“, им порачаа некои од нив.

Антонија вели дека е задоволна од спотот и песната и дека ѝ било задоволство да соработува со Тони и Кун.

„Ме радуваат реакциите на публиката, секојдневно добивам пораки дека им се допаѓа, а тоа се случува и кај Кун и Тони. Задоволни сме од целиот проект, Лазар си го направи своето, да бидам искрена, јас очекував да биде прифатен целиот пакет“, ни рече Гиговска.

Автор на музиката и аранжманот е продуцентот Лазар Цветковски, а текстот е на „2 бона“ и познатиот рапер Тајзи. Видеоспотот го сними режисерот Томислав Живковиќ.

Scroll to Top