(Видео) Со погодок од половина терен Димитријевиќ ѝ донесе победа на Македонија

Со погодок од половина терен кошаркарот Нено Димитријевиќ ѝ донесе победа на Македонија во мечот со Данска, во рамки на претквалификациите за Европаскет 2025 година. Кошаркарот на Уникс во последните моменти, додека истекуваше времето за шут, погоди од огромна далечина.

Димитријевиќ со 26 поени беше најдобриот кошаркар на Македонија во натпреварот кој се играше во Нествед. Беше ѝ играч на натпреварот. По десет постигнаа Војдан Стојановски и Стојан Ѓуровски, Маслинко даде девет

Следниот натпревар на Македонија е во недела против Словачка во СРЦ „Кале“. Словачка денеска на свој терен беше поразена од Норвешка со 87-68.

 

Scroll to Top