Младиот пејач Даниел Крстески денес го промовираше спотот за најновата песна „Сто една“. Покрај Даниел како автор се потпишува и Борјан Кралески, а се снимаше на неколку локации во Преспа.
Во видеото покрај пејачот се појавуваат многу атрактивни девојки. Песната има лесен ритам и за кратко време наиде на позитивна реакција кај публиката.
„Ова е прв пат каде јас се потпишувам како автор. Покрај мене заслуги за песната има и Борјан Кралески. Песната „Сто една“ е различна од досегашните мои проекти и веќе имаме позитивни и пофални коментари“, вели Крстески.
Пејачот подготвува уште две нови песни, кои се очекува да ги промовира до крајот на годината.