(Видео) „Спомените со најблиските ни помагаат психички да ја пребродиме пандемијата“: Четкар за новата песна

Џез-музичарот Владимир Четкар преку социјалните мрежи го промовиреше новиот спот за неговата песната I Remember. Оваа песна е дел од неговиот втор албум Heavenly, кој го сними во Њујорк. Видеото го режираше Борче Димоски, а се снимаше на неколку локации во Охрид.

„I Remember е песна која евоцира спомени на сите оние животни патешествија што сме ги доживеале со нашите сакани и кои во нас оставиле длабока трага. Тоа се оние спомени кои секојдневно ни помагаат психички да ја пребродиме оваа пандемија и ни даваат инспирација и сила да се бориме со сите предизвици што ги носи животот“, рече Четкар за „Репортер“.

Песната е направена во диско-стил со примеси на фанк, соул и џез, а има и делови со оркестар во живо. Четкар е композитор, текстописец, аранжер на песната и диригент на оркестарот. Освен што пее, тој ја свири и гитарата во I Remember.

Scroll to Top