Пејачот Боби Павловски го промовира новиот спот за песната „Рана“. Спотот е снимен на повеќе локации, а режисер е Дејан Георгиев.
„Нема да бидам скромен и ќе кажам дека ова е песната за која ние музичарите ќе кажеме – тоа е тоа. Уште кога го слушнав демото, му реков на Лазар дека песната е моја и без да размислувам многу, влегов во студио и ја снимив“, кусо изјави Боби.
Во спотот се појавува и Србинката Бојана Бојаниќ, која е мис на Србија, девојка што го освоила Боби со својата убавина, по што пејачот решил да ја избере за снимањето на својот спот. Покрај Бојана, во видеото се појавува и Американецот Девон Деитерс од Америка, инаку маринец по професија.