(Видео) Стефан Величковски преработи балада од Тоше

Младиот музичар Стефан Величковски ја преработи баладата на Тоше Проески „Сеуште сонувам дека сме заедно“. Пејачот на „Гранд“ во соработка со Дарко Ристовски сними и видео.

„Годините поминуваат, но спомените остануваат. Затоа во чест на Тоше Проески, ја испеав една од неговите најубави балади. Се надевам дека неговиот лик и дело никогаш нема да згаснат“, напиша Стефан.

Величковски годинава пак учествува во „Ѕвездите на Гранд“, а негов ментор е рокерот Ѓорѓе Давид Николиќ.

Scroll to Top