(Видео) Стојанче Ангелов крши ќерамиди со глава

Поранешниот полициски генерал, Стојанче Ангелов, инаку активен твитерџија, се пофали дека искршил две ќерамиди со глава на вчерашното доделување на Твитер наградите. Тој на социјалните мрежи објави кратко видео.

„На барање на дел од твитер-заедницата на вчерашното доделување на Твитер наградите, скршив две ќерамиди, овојпат со глава. Целото видео од мојот настап, во текот на денот“, напиша претседателот на партијата „Достоинство“.

По доделувањето на наградите, забавата се префрли на Твитер. „Ќе формирам невладина за заштита на ќерамидите“, „Стојанче да си ја смени точката“, „Генерале, сомнителен ми е предниот дел од капата“, „Никој не ги жалеше кутрите ќерамиди“, се само дел од коментарите.

Scroll to Top