(Видео) Сузана Гавазова опасно секси во новиот спот

Фолк пејачката Сузана Гавазова сними спот за песната “Опасна за око”, отпеана на „Роса Фест“.

Спотот го сними во соработка со „Арт Студио продукција“.

Автор на музиката на „Опасна за око“ е Борче Димитров, стиховите ги напиша Орце Зафировски, додека аранжманот и продукцијата ги направил Дејан Момировски.

Гавазова песната на фолк фестивалот „Роса 2017“ ја изведе заедно со блех оркестарот на популарниот Џамбо Агушев, кој исто така учествува во самиот спот. Наскоро таа најави и промоција на спотот.

Scroll to Top