Фолк-пејачката Сузана Спасовска има нова песна, „Мајковина“. Музиката за песната што ја испеа на Лешочкиот фолк-фест ја напиша Сузана, а таа го направи и текстот заедно со Бранко Николовски.
„Песната е подарок за моите Македонци, распослани насекаде по светот“, вели Сузана.
Спасовска е долги години на македонската музичка сцена и таа секоја година настапува на лешочкиот фестивал.