Музичарот Христијан Тасковски – Таско вечерва прави голема свадба во Скопје, со својата сопруга Наташа, со која летово тајно се ожени. Двојката вечерва слави, со тапани, со трубачи, со музики и со многу јавни личности дојдени на свдбата која е во познат скопски ресторан.
Според кажувања на оние кои се на свадбата, младоженецот не застанал од играње, а исто толку весела била и невестата. Штимунг прави и Миле Кузмановски, кој со изборот на песни, сè живо кренал на нозе, а младоженецот пак се качил и на тапани, како задолжителен дел на традиционална македонска свадба.
Меѓу гостите можат да се забележат колегите Пајак, Тракер, Панчо, многу новинари, градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, естрадни менаџери и луѓето што се дел од шоубизнисот.
Таско летово тајно се венча со Наташа по три ипол години врска. „Се венчавме во матично и сè уште сме на два ума дали да правиме свадба, ама мислам дека ќе направиме за да ги испочитуваме постарите генерации околу нас“, раскажа Таско за „Репортер“
А. Георгиев