Со порака „Твојата музика никогаш нема да зајде“, Олгица Христовска, диригентот Љупчо Мирковски и триесетина музичари ја испеаја „Свирете ја зајди, зајди“, песната што ја компонираше Драган Вучиќ 1992 година. Со оваа песна, Олгица Христовска победи на еден од најреномираните фестивали на забавна музика, „Макфест“. Ова е последен поздрав за Драган, нивниот голем пријател, кој почина пред пет дена, велат музичарите што беа дел од проектот.
„Свирете ја зајди зајди“ е една од најпознатите песни на Драган. Но, починатиот музичар и водител, зад себе остави бројни поп-хитови, а меѓу нив и „Ангели ме носат“ и „Кажи ѕвездо“. Тој ја компонираше и песната Make My Day, што ја претставуваше Македонија на Евровизија 2005 година.
За потсетување, Драган Вучиќ почина на 4 мај од коронавирус. Тој претходно една недела се лекуваше на Клиниката за инфективни болести, но состојбата нагло му се влошила, а имал и тешка слика на белите дробови. Вучич почина на 65 години.