(Видео) Тајзи стана комита и сними песна во чест на Илинден

Пејачот Драган Величковски Тајзи ја промовираше својата најнова песна „Парадокс“, која ја направи во чест на големиот празник Илинден.

Спотот го сними режисерот Даниел Јовевски, а го снимаа на Мечкин Камен, Македониумот, Галеријата на Никола Мартиновски во Крушево и во Музејот на македонската борба во Скопје.

Музиката е на Лазар Цветковски, Кристијан Николов и на Тајзи, а аранжманот е на Л. Цветковски и Сајов. „Текстот го отсликува парадоксот на времето во кое живееме“, рече Тајзи.

Во видеото, покрај Тајзи се појавува и моделот Андријана Илиевска, а стајлингот е на дизајнерот Златко Јовановски.

Scroll to Top