Драган Величковски – Тајзи на својот „Јутјуб“ канал го промовираше новиот спот за песната „Мој живот, моја ствар“. Песната е на српски јазик, Тајзи го напиша текстот, а музиката и аражманот се на Роберт Билбилов. Видеото, чиј режисер е самиот Тајзи, е во вид на стрип.
Ова е осумнаесетти спот на македонскиот пејач, а Тајзи најавува уште 5 нови песни до крајот на годината. Наскоро тој ќе ја промовира и соработката со Викторија Лоба, а во мај ќе издаде уште една соло песна на македонски јазик. Во јули најавува дека ќе ја промовира првата англиска песна.