(Видео) Тамара ја промовираше евровизиската песна, се пофали звучела светски

Песната и видео спотот за „Proud“ на Тамара Тодевска, македонски претставник на Евровизија во Израел вечерва беа премиерно емитувани на Македонската телевизија.

Тамара Тодевска ќе настапи на втората полуфинална вечер на 16 мај во Тел Авив.

Музиката на „Proud“ e на Роберт Билбилов, Лазар Цветковски и Дарко Димитров, а текстот е дело на Коста Петров и Сања Поповска. Музичкото видео го режираше Чедо Поповски.

 

Тамара на „Евросонг“ под името Северна Македонија

Scroll to Top