Тамара Тодевска ја објави нејзината нова песна „Тордано“, за која пејачката сними и спот.
Музиката е на Лазар Цветковски и Тамара, а текстот кој е на српски јазик е на Ана Радоњиќ (Зое Кида).
Тамата во спотот се појавува во неколку сталијнзи. Носи розева перика и розев костим, со потпис на македонскиот дизајнер Игор Марков.
Во спотот на Тамара се појавува и нејзината ќерка Хана, која игра дел од кореографијата за песната.
„Јеј супер песна заразна за слушање Тамара како и секогаш најдобра си и македонски песни да ни правеш да не заборавиш“, „Ова ќе биде на рипит 24/7“, „Торнадо на естрада“, се само дел од коментарите за новата песна на Тамара.
Фото: Мартин Трајановски