(Видео) Тамара се враќа на сцената со нова песна

Тамара Тодевска се враќа на музичката сцена со нова песна насловена Monsters. Позади песната стои истиот тим кој работеше на евровизиската Proud, песна со која таа ѝ донесе најголем пласман на Македонија и беше прва според гласовите на жирито.

„Последните неколку месеци се посветив на снимањето на мојот нов албум, а Monsters е само мала најава за она што ќе следи во наредниот период. Албумот го работам со Роберт Билбилов, Дарко Димитров и со Лазар Цветковски. Македонските текстови ги пишува Игор Џамбазов, а за англиските е задолжен Коста Петров“, вели Тамара. За новиот проект таа сними и интересена фотосесија која на социјалните мрежи ја најави со кратко видео.

Scroll to Top