Македонската пејачка Тамара Волческа ја објави нејзината прва авторска песна „Место од спомени“. За песната Тамара направи и спот.
„Песната претставува времеплов на сеќавањата од минатото, копнеж и недостиг кон нашите корени, места каде што сме пораснале и луѓе кои веќе не се покрај нас“, изјави Тамара за Репортер.
Како автор на текстот, Волческа праќа порака да бидеме благодарни за она што го имаме денес и со радост да се сеќаваме на она што поминало. Автор на музика е Весна Малинова, а аранжманот на Дарко Тасев, спотот е на Петар Тутунџиев.
„”Место од спомени” ја напишав за прекратко време, за само 10 -тина минути, додека Весна спонтано свиреше на клавир и ме водеше низ атмосферата за креирање. Оваа песна ја пријавивме за Макфест 2023, но за жал бевме одбиени“, реле Волческа.
Во спотот прикажана е песната и текстот на едноставен начин, со детски џагор, детски насмевки и хоризонтала на повеќе генерации, малечко бебе, среќно семејство, бабичка со своите внуци и повторно истата приказна во денешно време каде се рецитираат длабоки стихови за недостиг: “некој се сеќава, на некој недостасува, некој копнее по нечија прегратка, нечија насмевка, која веќе ја нема, за она место, кога бевме деца”, вели Тамара.