Фолк-пејачката Татјана Лазаревска направи фешта на дочекот на Стара нова година во Австралија. Таа ги забавуваше македонските иселеници, па во еден момент, додека тие играа оро, Тања се качи на стол и продолжи да пее. Објави и неколку видеа од забавата, а доби комплименти дека направила вистинска празнична фешта.