(Видео) Тања направи џумбуш во кафеана за 50. роденден на Новица

Поранешниот пејач на групата „Биоритам“, Новица Василевски, наполни 50 години. Роденденот го прослави со голема журка што за него ја организираше сопругата Татјана Лазаревска, во кафеана во Мелбурн.

Дека гостите уживаат во забавата откри Тања, која објави неколку видеа на социјалните мрежи. Балони, торта со бројките 5 и 0, и музика за душа. Во текот на вечерта Тања испеа и некои од омилените песни на Новица. Пееше сама, ама и со Маријана Новачевска од некогашното дуо Маријана и Росана.

Пред забавата, Тања јавно му го честиташе роденденот на својот маж.

„Голема е среќата некој да те запознае и да дели моменти со тебе, привилегија е да те гледа, чест е да те сака и да има покрај себе личност како тебе. Срекен 50. роденден љубов моја“, напиша таа.

Неодамна, во интервју за „Репортер“, Тања ни раскажа дека последнава година сите родендени во семесјтвото ги славеле дома, во изолација. Тогаш пејачката рече дека веќе има идеја како сака да го прослави јубилејниот роденден на нејзиниот маж.

„Поради пандемијата родендените ги одбележувавме дома, само ние, и за синовите и за мене и Новица беше исто. Наскоро е 50. јубилеен роденден на маж ми, па веќе знам каква журка сакам да направиме, само ако нè служи здравјето и ако се намалат рестриктивните мерки во Австралија“, ни кажа Тања.

Вечерта пред роденденот, Тања и новица беа на романтичен љубовен состанок низ Мелбурн, а пејачката и од тоа објави неколку слики на „Фејсбук“.

Scroll to Top