(Видео) Танцувачки предизвик за сестрите: Хана најубаво игра, Тамара и јас поим немаме

Хана, ќерката на Тамара Тодевска ја натера пејачката и нејзината тетка Тијана Дапчевиќ на танцувачки предизвик. Синхронизирано танцување на трите дами го објави Тијана на Инстаграм. Хана во танцувачки способности ги надмина и Тамара и Тијана.

„Хана најубаво игра, Тамара и јас поим немаме“, напиша Тијана.

Не е тајна дека Хана сака да танцува. Тамара често објавува видеа на кои таа одговара на танцувачките предизвици кои се појавуваат на социјалната мрежа Тик ток.

Инаку Хана беше главна ѕвезда на последниот спот на Тамара за песната „Торнадо“ каде во последните секунди од видеото се појавува таа по нејзина желба и сопствена кореографија.

Scroll to Top