(ВИДЕО) Теа Трајковска промовираше нова песна

Атрактивната пејачка Теа Трајковска го промовираше спотот за песната „Пекол“. Таа две години отсуствуваше од домашната сцена и сега реши да ја изненади публиката со својата нова песна.

Автори  на текстот се Магдалена Цветковска и Теа, а, а музиката и аранжманот ги направи Лазар Цветковски.

– „Пекол” се случи во едни пеколни времиња за мене, и поради тоа со мојот продуцент Лазе ја именувавме така. Сепак, пораката на самата песна е позитивна, а насловот совршено се залепи со текстот. Песнава ја имаме веќе две години, но со мојот тим сметавме дека не ѝ беше вистинското време, па сега, кога пеколот заврши, решивме да ѝ ја подариме на публиката со оптимистичка мисла – вели младата пејачка.

За новата песна Теа има и лирик-видео, кое го изработи Дарко Видановски.

Scroll to Top