(Видео) Тијана со порака од зад камерите на ТЛЗП

Тијана Дапчевиќ, нашата претставничка во шоуто „Твоето лице звучи познато“, испрати видеопорака за читателите на „Репортер“. Таа сними кусо видео зад сцената на денешната проба, на кое може да се види дел од атмосферата во текот на подготовките за снимањето на емисијата.

Тијана овој пат доби задача да ја имитира Беби Дол, која е една од учесниците во шоуто. Емисијата од денешното снимање ќе се прикажува во редовниот термин в недела од 21 часот.

Scroll to Top