(Видео) Тито не победи, но затоа собори многу рекорди

Романот „Тито – мојот претпоследен херој” , на авторот Зоран Спасов -Sоф, иако не ја освои наградата „Роман на годината” успеа да собори повеќе рекорди.

Откако се појави на полиците на literatura.mk на 15 декември 2020 година, за седум дена се распродаде првиот тираж . За половина месец романот беше трета најпродавана книга во Македонија за 2020 година, како и најпродавана од македонски автор. Вториот тираж беше дигитален и се распродаде за кратко време.  Три месеци  по ред романот е најпродавана книга во Македонија.

„Тито – мојот претпоследен херој”  стана „најхумана” книга затоа што 350.000 денари од неговата продажба беа донирани во „СОС Детско село”.

Авторот Зоран Спасов – Sоф во меѓувреме беше избран на конкурсот на Министерството за култура „Проект од национален интерес во културата од областа на драмска дејност” со текстот „Митре Стрелата во земјата на чудата”. Премиерата, во режија на Јордан Симонов и главна улога Александар Микиќ, се очекува да биде во текот на месец март на штиците на Македонскиот народен театар.
За ова и за некои други теми авторот е гостин во „Астрорум” кај Бранка Костиќ-Марковиќ.

За потсетување, веднаш по отворањето на „Литература.мк“, дојде и идејата за збогатување на концептот на книжарското работење, а со тоа и проектот „Астрорум“. Идеен творец и уредник е Бранка Костиќ-Марковиќ, а  „Астрорум“ претставува еден вид на разговорница каде меѓународно успешни личности, неретко и во живо пред публика, ги споделуваат своите размисли за литературата, уметноста и културата.

Scroll to Top