Тони Зен викендов го искористи убавото време за да избега од Скопје и заедно со другарите скијаше на Попова Шапка. Тој објави неколку фотографии и видео и напиша дека си поминува супер.
Ако нема слики, исто ко да не сум бил. Одличен ден на Попова Шапка денеска со другарот.
Две рунди од доле до антени. Среќни празници и нека се множат ваквите убави тури“, напиша Тони Зен, на сликите што ги објави на „Инстаграм“.
Зен во јавноста е познат како љубител на зимските спортови. Тој на социјалните мрежи ретко објавува слики, а повеќето негови објави се фотографии направени на планина и на скијање.
(Љ.В.)
View this post on Instagram