(Видео) Тони Зен со „Прва нота“ пак ќе ја освојува публиката

Раперот и диџеј Тони Зен има нова песна „Првата нота“. Музиката е на Нино Васков и Ики, додека спотот го снимаа Владислав Гавриловски и Илија Димковски.

„Песнава те тера да мрдаш и со глава и со тело. Многу сум задоволен од соработката со луѓето во кои верувам. Ова е само почеток. Наскоро ќе го објавам и седмиот албум, во кои ќе ги имам сите нови песни од потпишувањето на договорот со Прагма продукција“, ни рече Тони Зен.

За потсетување, Тони Зен по подолга пауза се врати на музичката сцена. Пред „Првата нота“, ја објави песната „Планот“, а за „Репортер“, кажа дека имал одлични реакции и дека решил да се врати повторно на сцена да пее затоа што тоа ѝ го должи на публиката.

Scroll to Top