(Видео) Тоше пее песна од Павароти

Деновиве на социјалните мрежи се појави снимка направена во ресторан во Бугарија, каде Тоше Проески придружуван од музичарите во ресторанот ја пее италијанската песна Torna a Surrientо. Оваа песна е најпозната во изведба на тенорот Лучано Павароти, а ја преработиле многу италијански музичари.

Пеењето на Тоше го снимила бугарска телевизија, а дел од него е објавен на „Јутјуб“.

Scroll to Top