(Видео) Тракер и Таско, милениците на тинејџерите, имаат нова песна

Една година откако ја објавија песната „Не ме боли“, Тракер и Таско повторно снимија заедничка песна. Овојпат тие ја промовираат „Црна Мечка“. Музиката и текстот се на Андреј Трајковски – Тракер и Христијан Тасковски – Таско, аранжманот е на Иван Јованов – Ивајо, а спотот го изработи Гордан Божиновски God Eye Production. Спотот се снимаше на две локации, во Кавадарци и во Велес.

Неодамна во интервју за „Репортер“ Таско ја најави соработката со Тракер. Тој тогаш ни откри дека е задоволен од реакциите на публиката на неговата музика и тоа што спотовите што ги промовира имаат и неколку милионски прегледи на „ЈуТјуб“. Во интервјуто Таско раскажа и за соработката со српскиот рапер Раста, а најави дека наскоро ќе снимат и спот за заедничката песна.

„Девојките сега повеќе ме сакаат“ – раперот Таско е новиот миленик на тинејџерите

Scroll to Top