„Девојките сега повеќе ме сакаат“ – раперот Таско е новиот миленик на тинејџерите

Хип-хоп музичарот Христијан Тасковски – Таско (23) за само една година стана миленик на тинејџерската публика. Тој веќе в сабота (9 ноември) ќе го има и првиот свој концерт, кога ќе настапи заедно со српскиот рапер Раста во А1 Арената во Скопје.

Давесет и тригодишниот скопјанец Таско како преку ноќ да стана популарен. Вели дека кога решил да се занимава со музика се надевал дека публиката ќе му ги слуша песните, но не верувал дека за кратко време ќе направи бум кај младата публика. Родителите, ни открива тој, на почетокот се противеле, зашто сакале да студира факултет, ама сега му се најголемата поддршка.

„Уште на моите први настапи клубовите ‘крцаа’. Секаде беше преполно, а јас не можев да поверувам што се случува“, откри Таско.

Низ разговорот дознавме интересни работи за него. Од тоа каде излегува, до тоа дека девојките сега повеќе го  сакаат, но и за соработката со својот идол Слаткар, за спотовите со милионски прегледи, му годи ли популарноста… гледајте го интервјуто.

Андријана Јовановска

Scroll to Top