(Видео) „Треска на саботната вечер“ со Гордана Силјановска

Кандидатот за пратеник Гордана Силјановска која е познат вљубеник на рок музиката, сподели видео како танцува.

„Saturday night fever – треба да се најде време и за себе“, напиша Силјановска.

Таа за „Репортер“ ни кажа дека ужива во рок музиката и не додржува, а да не заигра секогаш кога ќе има можност.

„Како млада жестоко играв по дискотеките. Се забавувавме во „Мусандра“ „Турист“ „Бристол“ и во „Бисер“ во Струга. Се собираме и умееме да поиграме по дома кога ми беше роденден. Ако времето ни беше наклонето, ќе се соберевме во дворот и ќе танцувавме сите. Кога мојата свекрва ќе видеше како се забавуваме и таа имаше желба да танцува со нас. Хит ми беа и игранките во Ѓорги Димитров. Затоа тоа беше најубавиот период од мојот живот“, ни кажа Силјавноска.

Носев мини кога го освоив бунтовникот Благоја – Приватно со Гордана Сиљановска-Давкова

Scroll to Top