(Видео) Тринити Стрингс како антички божици во новата песна „Да или не“

Популарното трио виолинистки „Тринити Стрингс“ вчера ја објавија нивната трета песна, насловена како „Да или не“.

Трите дами се појавуваат во елегантни црни тоалети кои поради амбиентот во кој се наоѓаат, потсетуваат на антички божици.

Вокалистката Марта Куч свири на виолончало, додека Александра Мирсинова и Ирена Стојановска свират на виолина. Музиката и текстот им припаѓаат на Марта Куч и Ирена Стојаносвка, додека аранжманот го направи Иван Јованов – Ivayo.

Видео записот е снимен на локалитетот Хераклеа во Битола.

Тринити Стрингс е гудачко трио оосновано од членови на Македонската Опера и Балет: Ирена Стојановска и Александра Мирсинова на виолина, како и Марта Куч на виолончело. Досега соработувале со бројни музичари од македонската, но и од странската музичка сцена. Дел од нив се: Ареа, Тони Зен, Александар Ристовски-Принц, Ламбе Алабаковски, Слаткар, Викторија Лоба, Weather Girls, Ian Anderson, Јелена Томашевиќ итн.

Имаат настапувано на доста фестивали, самити, верски конгреси, концертни настапи, редовни настапи во претседателската резиденција, како и најголемиот политички настан во државата на 1-2 јули Prespa Forum Dialogue во Охрид итн. Но и во Беневенто, Рим, Наполи, како и во Луксембург по покана на познатиот инвеститор Марк Хобшаит.

Scroll to Top