(Видео) Цигарaта во уста, карминот на најјако: Миа Костова како главна сестра испрати порака до здравствениот систем

Инфлуенсерката Миа Костова на својот jутјуб-канал го објави своето најново видео во кое задно со Тијана Скулиќ на хумористичен начин ја прикажува состојбата во нашиот здравствен систем, барем во некои здравствени оддели и клиники.

Инфлуенсерката во видеото глуми главна сестра, додека Тијана има две улоги – пациент и млада сестра.

На почетокот на видеото поранешната водителка напоменува дека оваа содржина нема политичка конотација, ниту има намера да ги деградира здравствените работници.

„Сите ликови и имиња во ова видео се измислени. Секое препознавање е чиста случајност“, вели Миа на почетокот од видеото.

„Овде лош коментар ќе добиеш од докторка само“, „„Шминката оригинал, браво“, велат фановите   на Миа во коментари под видеото на Јутјуб.

Scroll to Top