(Видео) „Утринци“ прославија втор роденден

„Утринска на Телма“ денес прославува две години од емитувањето на првата емисија. Цеце Трајковска, Елена Митева, Гоце Андреевски и Марко Марк заедно ги поздравија гледачите на емисијата, најпрво преку Инстаграм, додека се подготвуваа да влезат во студио, а потоа и од пред камерите.

„Ви благодариме за поддршката и љубовта што постојано ја добиваме од вас“, рекоа четворицата.

Гледачите, пак, им посакаа да се заедно уште многу години, ја пофалија нивната работа, им поделија бројни комплименти, а некои ги нарекоа „утринци“ нивните омилени водители.

Елена, Марко, Гоце и Цеце ги дувнаа свеќичките и ја пресекоа роденденската торта, а за неколку дена ќе прават и голема роденденска журка за да го одбележат јубилејот.

https://www.instagram.com/p/BiRDUDcnTQr/?taken-by=utrinskanatelma

Scroll to Top