Младиот пејач Валдера пред неколку дена ја промовираше својата деби-песна „Уживам“, на којa е и автор. На прашањето кое е неговото вистинско име и презиме, тој не сака да открие. „Јас сум Валдера, низ музиката која ја создавам ќе дознаете сè за мене“, вели младиот рок пејач.
Инаку, за неговата „Уживам“ Вадлера сними и интересен видеоспот, во кој како што вели тој: „Наместо да кажувам со зборови кој сум и што сум, се обидов преку оваа песна и видеоспот да се претставам на публиката. Доволно е да се ислушаат и да се изгледаат тие три минути и ќе имате претстава каков човек сум јас“