Македонскиот претставник на Евровизија, Васил Гарванлиев со изведбата на евровизиската „Here I Stand“ не се пласираше во финалето, а по завршувањето на 65. тото издание излегоа и резултатите од гласањето од првата и втората полуфинална вечер.
Васил освоил вкупно 23 поени, кои го пласираа на 15 – тото претпоследно место таа вечер.
11 поени добил од публиката, а 12 од стурчното жири, кое го сочинуваа државите кои учествуваа со него таа вечер. Според гласовите од жиријата, Македонија добила 4 од Словенија, 6 од Романија и 2 поени од Ирска
За потсетување, победата на Евровизија оваа година ја однесе италијанскиот бенд „Манескин“.