(Видео) Васил Гарванлиев го промовира спотот за евровизиската песна

Васил Гарваниел го промовира видеото за песната Here I Stand, со која ќе ја претставува Македонија на годинешниот Евросонг во Ротердам, Холандија.

Васил е автор на музиката и текстот, а аранжманот и продукцијата се на Борче Кузмановски и Давор Јордановски. Придружните вокали се снимени во Чикаго, а ги пеат некогашни членови на Детскиот хор на Чикаго, во кој пеел Васил кога како дете живеел во Америка.

„Особено се гордеам што ќе ја преставам Македонија со Here I Ѕtand, една искрена песна, во која влегувам со отворена душа и многу љубов. Иако песната ме отсликува мене и мојата животна приказна, верувам дека ќе ги допре сите што минале трнлив пат, воделе тешки битки и повторно на крајот ја зачувале насмевката. Се надевам дека пораката за верба и надеж за подобро утро ќе ни помогне заедно да пребродиме сѐ што ни се случува“, вели Васил.

За евровизиската песна е снимен и спот на повеќе локации, а го отсликува го процесот на снимањето на песната во студиото FAMES, дел од сцените се снимани во Даутпашиниот амам во Скопје, има и кадри од Културниот центар во Чикаго, каде што Васил поминувал многу време со Детскиот хор од Чикаго.

Scroll to Top