(Видео) Васил Гарванлиев промовира нова песна

Македонскиот пејач Васил Гарванлиев, кого публиката го запозна пред многу години кога ја испеа „Марионка“, има нова песна. Неговиот најнов проект, „Патувам“, е во соработка со Давор Јордановски, продуцент кој живее и работи во Канада. Текстот за песната го напиша Тања Брковска.

„’Патувам, за мене претставува средба и сеќавање со љубопитното дете во сите нас кое со душа чека да му се отвори вратата за да погледне во еден поубав и посветол свет. Овој проект е голем чекор напред на мојата патека што потврдува дека кога имаме искрена желба, љубов и приказна со вистински тим, секогаш ќе најдеме и вистински начин на изразување. Сите заедно и во сите бои, со спонтана енергија, мислам дека создадовме уште една поп приказна на која сум особено горд. И да, патувам каде јавето е исполнет сон“ вели Васил за новата песна.

Scroll to Top