(Видео) Васил Гарванлиев во Чикаго промовираше нова песна

Васил Гарванлиев ја објави Dangerous Waters, втората песна од неговиот англиски албум Porcelain Soldier. Пејачот, кој веќе неколку месеци е во САД, вели дека оваа песна е дел од неговиот личен музички дневник.

„Живееме во опасни води. Ова е втор чекор од мојот личен дневник, да ризикувам и преземам чекор во непознатото. Ова е лесна, летна певлива песна. Ќе има и специјален ремикс од Кастело на 1 јули, темната страна на Dangerous Waters“, вели Васил за „Репортер“.

Тој ја промовираше песната викендов, на концерт во живо со Детскиот хор на Чикаго.

„Тоа е моќта на музиката. Настапот намерно го почнав со ‘Ѓердан’ знаејќи дека луѓето во публиката не зборуваат македонски, ама емоцијата на музиката донесе мир и тишина во собата, а децата околу мене направија ѓердан полн со љубов и различност. Многу моќно чувство, ми ги врати детските сеќавања на времето од ‘Марионка’. Продолжив со евровизиската You и тоа беше вистински хит, а кога ја запеав Dangerous Waters дамите почнаа да врескаат“, ни откри Васил.

Тој најави дека има уште неколку настапи во САД пред да се врати во Македонија, каде што ќе го помине летото.

А.Ј

Scroll to Top