(Видео) Васил, кој ги преработи хитовите од Тоше, конечно сними песна

Васил Ангелов, кого публиката го запозна по преработките на хитовите од Тоше Проески, ја сними својата прва песна, „Музика“. Автор на песната е Мартин Вучиќ, кој ги направи музиката и текстот, а видеото го сними BlackMagic production.

„Спотот е снимен на различни локации во Скопје и Охрид. Ни одзема подолго време, но на крајот сè испадна како што сакав“, рече Васил за „Репортер“.

16-годишниот Васил, кој учи соло пеење во „Илија Николовски – Луј“, го привлече вниманието на публиката со преработката на песните „Сонце во твоите руси коси“, „Рани на усните“, „Руски рулет“, „Боже чувај ја од зло“ и „Слушаш ли“ од Тоше. Видеата со преработките на песните станаа вистински хит на социјалните мрежи, најмногу заради одличното пеење на Васил, чиј вокал потсетува на оној на Тоше.

(Видео) Васил и Иван преработија уште една песна од Тоше

 

Scroll to Top