(Видео) Васил Зафричев како Фреди Меркјури ги прошета фановите зад сцената на „Преспав“

Неодамна започна снимањето на шестата сезона на „Преспав“, која ќе започне да се емитува во декември. Актерите кои се дел од познатата екипа веќе се собрани на сетот и започнаа со снимање на новите епизоди.

За време на нивните паузи, актерот Васил Зафирчев кој ја толкува улогата на готвачот Марио, сними лајф-видео и ги прошета фановите зад сцената на „Преспав“.

За време на краткото видео тој откри неколку тајни од снимањето на новата епизода. Тој се појави во нов имиџ, а дел од фановите искоментираа дека личи на легендарниот музичар Фреди Меркјури.

Покрај Зафирчев, во една од најгледаните македонски серии се појавуваат и актерите Јелена Јованова, Игор Ангелов, Тијана Дапчевиќ, Горан Стојановски, Игор Џамбазов, Дритон Вејсели, Игор Стојчевски, Адриан Азири и многу други.

Серијата покрај огромниот успех во Македонија, ја освои и Бугарија.

„Преспав“ помина на референдум, изгласана шеста сезона и почнува снимањето

 

Scroll to Top